ВМРО- ДПМНЕ: СДСМ продолжува со инфантилните тези кои се несериозни

СДСМ продолжува со инфантилните тези кои се несериозни и за дебата пред маалската коперација, камо ли за партија која има само 137 дена за да го ублажи поразот на избори.Рејтингот мерен во јуни е 24:12 во корист на ВМРО-ДПМНЕ, а во моментов разликата е уште поголема. Затоа СДСМ се кара со сите и сите му се криви за нешто.
За слабиот рејтинг на СДСМ не е виновно ВМРО-ДПМНЕ, туку нивната несериозност.
Сериозна партија немаше да го игнорира загадувањето „за да не си отвори работа“ како што тоа го направи СДСМ. Затоа СДСМ немаше ниту поставено мерни станици за загаденоста на воздухот.
Министрите за животна средина во владите на СДСМ се познати по големото ништо што го направија за справување со проблемот со загадувањето на воздухот.
Затоа СДСМ не може да наброи ниту еден проект на Љубомир Јанев и Зоран Шапуриќ познат како министерот кој потона во малите поплави, луѓе кои служеа како нивни министри за животна средина.
За разлика од СДСМ, владата на ВМРО-ДПМНЕ го спроведе законот сите индустриски капацитети да ги осовременат своите технологии до 1-ви април 2014 година.
Оваа влада и градоначалникот Трајановски изградија и проширија булевари во Скопје за побрз проток на сообраќајот. Оваа влада набави преку 300 нови автобуси кои 40 години не беа променети. Оваа влада направи проект за гасификација на цела Македонија и целосна гасификација на Скопје за што владата на СДСМ ниту размислуваше, па немаше изработено ниту проектна документација.
Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски прави проект за велосипедски патеки во должина од 50 километри. Се набавија електрични возила и мотоцикли. Се формираше комитет за здравје и животна средина. Се заменија котлите за греење на гас во Клинички центар и други здравствени домови и во поголем број училишта.
Во моментов се реализира проект за осовременување на лабораторијата за воздух и Министерството за здравство набави уште две мобилни мерни станици.
Акредитирана е и лабораторијата на универзитетот во Штип која ја мери и концентрацијата на ПМ честичките. Се распиша тендер за набавка на резервните делови на станиците. Се изработи и стратегија за животна средина и здравје со акциски план која е поддржана од Светската Здравствена Организација.
Попусто СДСМ се обидува да ја манипулира јавноста. Наместо тоа, СДСМ должи одговор на прашањето зошто никогаш не бил заинтересиран за здравјето на граѓаните.
Ако и ова прашање не заслужи одговор од СДСМ, ќе одговори народот на 24 април. Ваквата манипулаторска и лицемерна политика на СДСМ ќе биде казнета десетти пат по ред.Рејтингот мерен во јуни е 24:12 во корист на ВМРО-ДПМНЕ, а во моментов разликата е уште поголема. Затоа СДСМ се кара со сите и сите му се крив

Пронајдете не на следниве мрежи: