ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ продолжува со праксата да измислува теми, самите да ги скандализираат, за потоа да ги коментираат

Loading...

СДСМ е партијата која во ист ден, со декрет смени и именуваше 600 судии на генералниот реизбор реализиран без дискусии, само со кревање на два прсти. 
Има ли поголема иронија во тоа кога СДСМ обвинува за партиска поврзаност во судството? Филип Медарски, адвокатот на аболицираниот криминалец Зоран Заев има сопруга која е судија во основниот суд Скопје. Неговата баба е Јавен Обвинител, а неговиот кум Гаврил Бубевски е десна рака на Катица Јанева. судијата во уставниот суд наташа Габер е сестра на Виктор Габер, истакнат член на СДСМ и комисијата за надворешни работи.
СДСМ продолжува со праксата да измислува теми, самите да ги скандализираат, за потоа да ги коментираат, само со една цел, да се присутни со нешто во јавноста, бидејќи друго немаат што да им понудат на граѓаните. Од СДСМ нема ниту програма, ниту проекти, ниту мерки, туку исклучиво фабрикување на афери во стилот на Чаушот.
Јавноста добро знае дека ВМРО-ДПМНЕ останува на истиот став поврзан со темата која како иницијатива се појави пред Уставниот суд. И тој став ВМРО- ДПМНЕ не го сменил ни во 2009 ни денес. СДСМ е тој кој менува ставови, односно еднаш е за правото на претстедателот на државата да помилува во одредени случаи, за сега да се противи на тоа. Очекувавме Шилегов да излезе барем да го презентира единствениот став на СДСМ по ова прашање.
Како што ќе се ближат изборите на 5 јуни, така понервозно Шилегов и СДСМ ќе ги повторуваат исти невистини и манипулации. Тие се свесни дека граѓаните не им веруваат повеќе на нивните фабрикувани афери од подрумот на Чаушот и за целото ова држање во заложништво на државата, СДСМ ќе бидат сурово казнети по десети јубилеен пат.
  
Има ли поголема иронија во тоа кога СДСМ обвинува за партиска поврзаност во судството? Филип Медарски, адвокатот на аболицирани

loading...
Loading...