ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ веќе една недела се обидува да манипулира за гасоводот, но безуспешно

Граѓаните ставија крај на криминалната власт на СДСМ уште во 2006 година и веќе 10 години го чуваат СДСМ во опозиција, на безбедно, далеку од можноста да владее во Македонија.Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ во врска со гасоводот
Граѓаните добро знаат дека владата на ВМРО-ДПМНЕ прави сѐ за да го подобри животот на сите граѓани. СДСМ веќе една недела се обидува да манипулира за гасоводот, но безуспешно.
Денес се обидоа да фрлат сенка врз постапката на избор на економски оператор за изградба на делницата Штип – Неготино, повторно со лажење и манипулирање и стандардно бесупешно, бидејќи истата е целосно транспарентна и се спроведува согласно Законот за јавни набавки. СДСМ можеби не го познаваат доволно Законот за јавни набавки па затоа ги потсетуваме дека согласно Законот во овој период сите понудувачи имаат право на поднесување на жалбa. Тоа значи дека се додека јавно не се објават податоците, комисијата нема можност на објавување на подaтоци.
СДСМ во свое време имаше шанса да го реализира клириншкиот долг во корист на граѓаните на Република Македонија, но тоа не го направи. Имаше и шанса да изгради гасовод, но тоа не го направи.
ВМРО-ДПМНЕ веднаш по доаѓањето на власт ја стави гасификацијата како приоритет и веднаш почна да преговара со Руската Федерација за реализација на клириншкиот долг преку изградба на гасовод. Бидејќи СДСМ не презеде никакви чекори ниту за изработка на основни проекти, ниту пак физибилити студија за гасовод, ВМРО-ДПМНЕ со самото доаѓање, уште во 2007 година почна да изработува енергетска стратегија за развој на Македонија и таму е точно предвидена гасификацијата.
Врз основа на таа студија е изработена физибилити студија 2010 година и е започнато проектирањето на гасоводните правци до 2013 година, а во 2014 склучен е договор со Руската Федерација за реализиција на клириншкиот долг преку изградба на гасовод од Клечовце до Штип. Од 2015 година започна и изградбата на делницата Клечовце – Штип, а оваа година започнуваат со градба уште три делници во вкупна должина од 204 км, Штип – Неготино, Неготино – Битола, Скопје – Тетово – Гостивар.
Во однос на цената СДСМ веќе една недела директно манипулира, бидејќи не кажува дека гасоводот од Клечовце до Штип го гради Руската федерација по европски цени, со увезени материјали за кои се плаќа царина, данок и сите други давачки во Република Македонија кои директно влегуваат во буџетот. Колку за споредба треба да се каже дека цената на ист ваков гасовод како што е гасоводот од Клечовце до Штип се движи од 700 илјади евра до милион и сто илјади евра од километар. Додека гасоводната траса од Штип – Неготино се гради со наши материјали, со наша опрема и не е вклучена царина, данок и другите давачки.
Со оглед на динамиката и условите кои беа предложени при преговорите со Руската Федерација, тврдиме дека цената на гасоводната делница финансирана со отпис на клириншкиот долг е најоптимален и успешен проект на Владата на Република Македонија.
Ова го повторуваме веќе петти ден, така што трагикомични се обвинувањата на СДСМ дека ВМРО-ДПМНЕ молчи. На СДСМ не му се гледа од што е заглавен во отпадот од нивните Фабрики за афери. Но, ќе прогледа на 5-ти јуни кога 10-ти пат по ред граѓаните ќе го казнат СДСМ за ваквото однесување.Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ во врска со гасоводот
Граѓаните добро знаат дека владата на ВМРО-ДПМНЕ прав

Пронајдете не на следниве мрежи: