ВМРО-ДПМНЕ: Стево Пендаровски беше казнет и на избори му беше кажано дека таков карактер нема кредибилитет да биде Претседател на држава

Реакција на изјавата на Стево Пендаровски. 
 
Граѓаните не давале и нема да дадат поддршка некому кој ги нарекува „стока во трло“. Затоа Стево Пендаровски беше казнет и на избори му беше кажано дека таков карактер нема кредибилитет да биде Претседател на држава.
Срамно и недолично е кога Стево Пендаровски зборува за обединувања и нормализирање, а СДСМ е тој кој спроведува сценарија за дестабилизација, напад на институции и киднапирање на државата.
На изборите граѓаните ќе гласаат референдумски за ставање крај на деструктивното сценарио на СДСМ во кое со лаги и манипулации, креирање скандали со помош на фабриките за афери и држење во заложништво на целиот народ и иднината на земјата, СДСМ сакаше да дојде на власт.
На власт се доаѓа на избори со добивање на доверба од граѓаните, а не со помош на уцени и закани.
СДСМ оваа лекција која никако не може да ја научи ќе ја повтори 10-ти пат по ред на 5-ти јуни.
 
  
 
Граѓаните не давале и нема да дадат поддршка некому кој ги нарекува „стока во трло“. Затоа Стево Пен

Пронајдете не на следниве мрежи: