ВМРО-ДПМНЕ: Владимир Пешевски е дел од најуспешната влада во историјата на Република Македонија

Соопштение до јавноста – реакција на реакцијата на СДСМ во врска со прес конференцијата на Владимир Пешевски 
 
Владимир Пешевски е дел од најуспешната влада во историјата на Република Македонија.
Владимир Пешевски е дел од владата која отвори повеќе од 150.000 нови работни места, донесе повеќе од 50 директни странски инвестиции, инвестираше милијарди во инфраструктурата, ја намали невработеноста на рекордни 24,6%. 
Владимир Пешевски е дел од владата која сеуште отплаќа повеќе од 40 кредити со кои СДСМ ја задолжи Македонија, пари кои испарија во ветер. Притоа со работата на владата на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија е сепак меѓу најниско задолжените земји во Европа и е во врвот на Дуинг Бизнис извештајот на Светската банка.
СДСМ е дел од историјата затоа што отпушти 200.000 работници и затвори 684 индустриски објекти.
СДСМ е дел од историјата затоа што ја донесе невработеноста во Македонија на рекордно високо ниво од 39%.
СДСМ е дел од историјата затоа што едно евро не вложи во инфраструктурата, земјоделието, здравството.
СДСМ е дел од историјата и граѓаните не му дозволуваат 9 изборни циклуси по ред да се доближи до власта, затоа што освен лаги, манипулации и деструктивни сценарија кои имаат за цел земјата да ја влечат надолу, СДСМ нема да понуди ништо друго.
СДСМ нема капацитет за повеќе од хаосот во кој ја остави Македонија.
Затоа 10-тата казна по ред за СДСМ доаѓа на 5-ти јуни.
 
  
 
Владимир Пешевски е дел од најуспешната влада во историјата на Република Македонија.
Владимир Пешевски е

Пронајдете не на следниве мрежи: