ВМРО-ДПМНЕ: За СДСМ полесно е да се рушат институции, отколку да се излезе пред народот

Пред сигурниот пораз на изборите се зголемува тензијата, очајот и паниката во СДСМ па продолжуваат невидените срамни пресметки на СДСМ со Уставниот суд.Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ во врска со Уставниот суд
На сила е и понатаму срамното сценарио на СДСМ за создавање алиби за бегство од избори, за нивно одложување или непризнавање на резултатите.
СДСМ сака да се врати времето кога за 15 минути избираше и менуваше 617 судии и стотина обвинители. СДСМ сака тотална контрола над судството. СДСМ треба да ја праша дали е објективна и непристрасна Наташа Габер Дамјановска, сестра на Виктор Габер, несудениот министер за Надворешни работи од СДСМ.
Истото СДСМ треба да го праша и Гаврил Бубевски, десната рака на Катица Јанева и кумашин на Филип Медарски, адвокат на аболицираниот криминалец Зоран Заев. Мајката на Филип Медарски, Елица Медарска е Јавен Обвинител во Вишото Јавно Обвинителство во Скопје, а неговата сопруга Софија Медарска е судија во Основниот суд Скопје 2, СДСМ сонува за ваква партиска испреплетеност во судскиот систем. СДСМ вршеше притисок врз Уставниот суд и во 2009 година но тогаш СДСМ сакаше да ги поништи измените во законот за помилување кои ги предложи ВМРО- ДПМНЕ.
Во 2009 година бандата без сопствен став „СДСМ 2009“ беше категорично ПРОТИВ измените на законот за помилување. Денес бандата без сопствен став „СДСМ 2016“ е ЗА измените во законот за помилување.
ВМРО-ДПМНЕ останува на истиот став околу Законот за помилување како и во 2009 година. СДСМ е партија која својот став го менува во зависнот од дневно партиските потреби. За СДСМ полесно е да се рушат институции, отколку да се излезе пред народот и да се побара мандат без манипулации и деструктивни сценарија.
Срамот на СДСМ ќе му стои вечно, но казната доаѓа побрзо. На 5-ти jуни граѓаните ќе им пресудат на деструктивнитее манипулатори од СДСМ десетти пат по ред.Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ во врска со Уставниот суд
На сила е и понатаму срамното сценарио на СДСМ за

Пронајдете не на следниве мрежи: