ВМРО-ДПМНЕ: Заев е единствениот политичар што добил решение за аболицијата на Иванов

Во моментов во Република Македонија единствен политичар кој е аболиран е Зоран Заев. Благодарение на Бранко Црвенковски, Зоран Заев е ослободен од кривична одговорност за случајот Глобал, криминал тежок 8 милиони евра, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.Осум милиони евра е директната штета на државата, пари на граѓаните, кои наместо да бидат инвестирани во градинки, училишта или болници, според доказите на Јавното обвинителство завршиле на приватни сметки, се додава во реакцијата.
Тоа е вистината од која што Зоран Заев не може да избега. Тоа е вистината која СДСМ не може да ја избличи без разлика на фактот со каква манипулација ќе се обиде да ги лаже граѓаните. СДСМ е единствената партија водена од претседател аболициран за криминал.
Вчера Основниот суд Скопје 1 потврди дека Зоран Заев и неговите блиски обвинети во Пуч, повторно биле привилегирани и први целосно ја искористиле аболицијата од Претседателот Иванов. Основниот суд потврди дека Заев и останатите обвинети за незаконското прислушување добиле решенија дека е постапено по одлуката на Иванов и дека се аболирани. Си ги земале решенијата и си молчеле. Ајде што молчеле со решенијата во рака од судот за запирање на нивните постапки, туку сега уште почнаа во нивниот стил “лоповот вика фатете го лоповот” да прозиваат зошто одбраната на другите прашала какви решенија донел СЈО по одлуката на Иванов. Значи толку многу да се нема срам, ретко се случува низ светот.
Вистината е дека одбраната на останатите кои беа аболирани од страна на Претседателот Иванов, според изјавата на адвокатскиот тим не побарала решение за прекин на постапките, туку да им се достави копија од актот, односно да бидат информирани како СЈО постапило во предметите.Осум милиони евра е директната штета на државата, пари на граѓаните, кои наместо да бидат инвестирани во градинки, училишта или болници, според док

Пронајдете не на следниве мрежи: