Во надеж дека ќе го поправи впечатокот од очајно лошиот настап на претседателот на партискиот совет за култура, СДСМ денес преку сопштение за јавноста ја продолжи својата празна реторика

Во надеж дека ќе го поправи впечатокот од очајно лошиот  настап  на претседателот на партискиот  совет за  култура, СДСМ  денес преку сопштение  за  јавноста  ја продолжи својата празна реторика со која се обидува да ја  деградира  работата на стручните лица, кои во изминатата деценија работеа на преку дваесет проекти за одржување, превентива, конзервација и реставрација на мозаиците и мозаичните површини на Археолошкиот локалитет Хераклеја во Битола. Министерството за култура предводено од ВМРО-ДПМНЕ и надлежните институции во многу наврати досега покажаа дека грижата за културното наследство е приоритет на Владата на Република Македонија и токму затоа во рамките на капиталниот проект Хераклеа во изминатите години реализираше  голем број проекти за  систематски ископувања и истражувања на локалитетот.
Од друга страна, токму СДСМ е партијата која во своето владеење не покажа елементарно чувство за сопствената култура и културното наследство, односно не реализираше ниту еден единствен проект во областа на заштитата на културното наследство и генерално во областа на културата.
Се прашуваме  до кога СДСМ има намера лицемерно да манипулира со граѓаните на Република Македонија, без нималку срам за  индолентниот однос кон сопственто културно наследство во периодот кога тоа беше нивна законска обврска. За жал  СДСМ и реализацијата на проекти се две неспоиви  категории, за  кои граѓаните на Република Македонија десега неколку пати го дадоа својот суд.
ВМРО-ДПМНЕ продолжува посветено да ги реализира сите проекти кои се во функција на заштита на културното наследство на Хераклеа и на сите останати  локалитети на целата територија на Република Македонија.Министерството за култура предводено од ВМРО-ДПМНЕ и надлежните институции во многу наврати досега покажаа дека грижата за културното наследство е

Пронајдете не на следниве мрежи: