ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА: Бездомник го жртвуваше животот за да спаси жена од сигурна смрт!

Овој 61-годишен бездомник од Бразил е вистински пример за херојство. На видеото е прикажано како тој си го жртвува животот за да спаси жена која за прв пат ја гледа во живот.Човекот е идентификуван како Франциско Ерасмо Родригес де Лима и благодарение на ова видео, неговата храбра смрт нема да помине незабележано.
Бездомниците често во светот се мета на предрасуди и за нив кружат мислења дека се слабаци, кукавици, безрбетници кои му дозволиле на светот да ги крши. Но, ова видео е доказ дека на книгата не треба да ѝ се суди според кориците.
Лима херојски се бореше против напаѓачот Луизо Антонио да Силва, кој го погоди со два куршуми во градите и ја предизвика неговата смрт.
Напаѓачот, кој претходно поминал 22 години во затвор поради кражба, оштетување на туѓ имот и предизвикување на телесни повреди, подоцна е ранет и уапсен од страна на полицијата.

Ова видео е наменето за разбивање на предрасудите, а спасената жена и нејзиното семејство сигурно засекогаш ќе бидат благодарни за хуманиот гест на овој несебичен човек.
Човекот е идентификуван како Франциско Ерасмо Родригес де Лима и благодарение на ова видео, неговата храбра смрт нема да помине незабележано.

Пронајдете не на следниве мрежи: