Вработување во Царинска управа – еве како да аплицирате!

Loading...

Царинска управа пушти оглас за вработување. Погледнете како може да аплицирате:Врз основа на член 7 и член 52 став 1 и 2 од Законот за Царинска управа, Царинската управа на Република Македонија, објавува

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 01/2013
1. 3а вработување на 2 (два) извршители како царински службеници на неопределено време за слободното работно место Виш цариник во царинарница Куманово при Царинската управа.
2. Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови: завршен економски, правен, машински, електротехнички, технолошки факултет и факултет со царинско шпедитерска насока, познавање на компјутерско работење и познавање на англиски јазик, без работно искуство.
3. Краток опис на работно место: врши прием и контрола на царинско-стокова; врши царински преглед на стоката; врши пресметка на царински и други давачки; изготвува записник за царински прекршок, барање за поведување на прекршочна постапка и спроведува мандатна постапка со издавање на покана за плаќање глоба или платен налог.
4. Работниот однос се заснова со полно работно време, со неделно работно време од 40 часа ( 5 пет работни дена во неделата). Дневното работно време трае 8 часа и започнува во 8,30 часот a завршува во 16,30 часот. Основната плата изнесува 29.857,00 денари.

 
5. Изборот ќе се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.
6. Заинтересираните кандидати се должни да достават ПРИЈАВА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ЦАРИНСКИ СЛУЖБЕНИК на изготвен образец во писмена форма која може да се подигне од архива на Царинската управа или во електронска форма преку интернет страницата на Царинската управа (www.customs.gov.mk). Пријавата ce пополнува во целост со точни податоци, кон неа се приложуваат следните документи во фото копија: диплома или увсрсние за завршено образование со покажан успех во образованието, ако дипломата или уверението е стекната на образовна институција во странство кандидатот е должен да достави и одлука за нострификација, уверение за државјанство, доказ за познавање на англиски јазик, доказ за познавање на компјутерско работење. Царинската управа нема обврска за враќање на приложените документи бидејќи истите се во фотокопија.
Кандидатите можат да достават и документи кои не се задолжителни во однос на објавените услови за работните места како што се други стручни оспособувања и усовршувања (уверенија, пофалници, сертификати).
7. Рокот за доставување на пријавите изнесува 7 дена, не сметајќи го денот на самото објавување.
8. Ненавремената, некомплетно пополнета пријава и пријава која не ги содржи бараните докази нема да биде предмет на разгледување од страна на Комисијата за селекција и избор на Царинската управа.
Пријавата се доставува исклучиво по пошта на следната адреса: Царинска управа, Сектор за управување со човечки ресурси, (со назнака за оглас број 1/2013), ул. „Лазар Личеновски“ бр. 13 -1000 Скопје. По спроведувањето на првична селекција, ќе се изврши тестирање и интервју за што кандидатите ќе бидат повикани во Царинската управа. Избраните кандидати се вработуваат на пробна работа.Врз основа на член 7 и член 52 став 1 и 2 од Законот за Царинска управа, Царинската управа на Република Македонија, објавува

loading...
Loading...