Времето сончево и топло, а попладне…

Претпладне времето ќе биде сончево и топло, попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. УВ-индексот ќе изнесува 8.Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 30 до 38 степени.
Во Скопје претпладне ќе биде сончево, а попладне ќе има услови за локален краткотраен дожд.
Утринската температура ќе достигне до 18, а дневната до 36 степени.
За време на викендот во претпладневните часови ќе биде сончево и топло, а попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Во почетокот на наредната недела времето ќе биде стабилно со благ пад на температурата.Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 30 до 38 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи: