За СДСМ е неприфатливо во Македонија да има повеќе од 150.000 нови работни места отворени од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ продолжува со обидите за финансиски тероризам, воден од мотото „Колку полошо за Република Македонија, толку подобро за СДСМ“, реагираат денес од ВМРО-ДПМНЕ.СДСМ не може да ја поднесе реалноста во која во Македонија се вложуваат милијарди евра во инфраструктура, земјоделие, нови болници, училишта, градинки, спортски објекти.
За СДСМ е неприфатливо во Македонија да има повеќе од 150.000 нови работни места отворени од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. За СДСМ Македонија е добра само онаква каква што ја оставија – во пустош, без ниту една странска инвестиција и со рекордно ниво на невработеност.
Токму затоа, главна цел на аболицираниот криминалец Зоран Заев и СДСМ е финансиската стабилност и финансиските текови во Република Македонија, како и нарушување на угледот на Република Македонија во светот.
Аболицираниот криминалец Заев и неговите неспособни соработници од врвот на СДСМ попусто се обидуваат да ја манипулираат јавноста со дезинформации и да им се закануваат на финансиските институции.
Оваа нивна манипулација не им поминува ниту во домашната јавност, а нема да помине ниту кај релевантните институции на меѓународниот финансиски пазар. СДСМ нема да успее да ја наруши финансиската стабилност и финансиските текови во Македонија.
Еврообврзницата преставува нормален финансиски механизам кој се применува во сите европски земји. Дотолку повеќе, овој механизам во Македонија е воведен токму од СДСМ, со таа разлика што тогаш парите кои ги позајмуваше СДСМ испарија во воздух. Во нивно време немаше ниту инвестиции, ниту изградба на патишта, болници, училишта, спортски сали, субвенции.
Не само што не ги вложуваа парите за кои ја задолжуваа Македонија, туку им пречи кога некој друг работи и вложува во интересот на граѓаните и поквалитетниот живот во државата.
Токму затоа СДСМ е казнуван жестоко од граѓаните 9 изборни циклуси по ред. Најновата сметка за ваквото срамно и антидржавно однесување СДСМ ќе ја добие веднаш кога ќе се охрабри да се соочи со граѓаните на избори.СДСМ не може да ја поднесе реалноста во која во Македонија се вложуваат милијарди евра во инфраструктура, земјоделие, нови болници, училишта, гради

Пронајдете не на следниве мрежи: