Заев не сака одредување на датум за избори затоа што знае дека ќе ги загуби

Опозицискиот лидер Зоран Заев не сака одредување на датум за избори затоа што знае дека истите ќе ги загуби. Според анкетите на реномираните институти за мерење на рејтингот, СДСМ ќе се соочи со тежок пораз од граѓаните на претстојните избори.Заев на вчерашната прес-конференција изјави дека СДСМ ќе гласа само за укинување на датумот, односно 24-ти април, што значи дека опозициските пратеници и СДСМ не се согласни да гласаат за друг датум кога би се одржале избоите.
-Ако Изборниот законик биде предложен во Парламентот, за укинување на терминот 24-ти април којшто стои во преодните одредби, СДСМ ќе гласа за укинување на тој термин за избори, изјави Заев вчера одговарајќи на новинарско прашање.
Според експертите, ваквиот одговор на Заев јасно говори дека СДСМ не сака избори ни во април, ни во јуни, ниту во септември.
Експертската јавност многу пати досега коментираше дека евентуалното одложување на изборите е посакувана цел за СДСМ поради нивниот страв од народот.
Свесни дека ја немаат поддршката од граѓаните и дека на изборите ќе доживеат нов пораз, што покажуваат и анкетите, на СДСМ единствено му остана да го спроведува своето деструктивно сценарио и земјата да ја воведе во уште подлабока криза.
Резултатите од последната анкета на престижниот американски Интернационален Републикански Институт Брима Галуп покажуваат дека СДСМ се соочува со слаб рејтинг и недоверба кај граѓаните.
Огромна поддршка и повеќе од двојна предност има ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ, односно доколку следната недела се одржат нови парламентарни избори за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 36.8%, а за СДСМ повеќе од два пати помалку односно 15.7%.

Речиси 5 пати повеќе, односно 56.6% од граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ би победила доколку се организираат предвремени парламентарни избори на кој би учествувале сите партии, а само 12.4% сметаат дека тоа е СДСМ.

Свесен од недовербата која ја ужива кај граѓаните, Заев продолжува со кризата поради која страда економијата. Со спроведување на неговото црно сценарио Заев посакува освен политичка и економска криза која би резултирала со помалку вработувања, застој во земјоделието, во индустриското производство и со сите проекти од кои граѓаните имаат корист.
Дека со СДСМ македонската економија нема да напредуваат мислат и граѓаните. Според нив убедливо ВМРО-ДПМНЕ е партијата со која државава економски ќе оди напред. Дури 50,8% од граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ економски ќе ја води подобро државата напред наспроти, 20,1% кој сметаат дека тоа е СДСМ.Заев на вчерашната прес-конференција изјави дека СДСМ ќе гласа само за укинување на датумот, односно 24-ти април, што значи дека опозициските прате

Пронајдете не на следниве мрежи: