ЗАПЕЧЕНО ПИЛЕШКО со пире од компири – Мора да се проба!

Запечено пилешко со пиреСостојки:
1кг компири
400 гр бело пилешко месо
1 главица кромид
1 морков
3 чешниња лук
1 лажичка свежо сецкан магдонос
1 лажичка оригано
лажичка куркума во прав
мелен бибер
50 гр путер
2 домати
100 гр кашкавал
Подготовка:
1. Компирите излупете ги и исечете ги на коцки, па ставете ги во сад со вода и варете да омекнат.
2. Во меѓувреме изрендајте го морковот, лукот и кромидот исечкајте ги, а исто и месото.
3. На 3 лажици масло пропржете го сечканиот кромид и лук и ренданиот морков. Додадете го сецканото месо, пржете и мешајте 15-тина минути, додадете ги излупените 2 домати исечкани на коцки, 1 лажичка сечкан магдонос, 1 лажичка оригано, сол, 1 лажичка куркума во прав. Измешајте и оставете на страна.
4. Варениот компир исцедете го од водата, иситнете и додадете путер, топло млеко, сол, мелен бибер и направете пире. Изматете го пирето да биде пенасто.
5. Во сад за печење подмачкан со масло, ставете една половина од пирето од компири, а одозгора прженото месо, па другата половина пире од компири. На врвот изрендајте 100 гр кашкавал.
6. Рерната загрејте ја на 200 степени, ставете го садот и печете 30 минути додека да добие златно жолта боја.Состојки:
1кг компири
400 гр бело пилешко месо
1 главица кромид
1 морков
3 чешниња лук
1 лажичка св

Пронајдете не на следниве мрежи: