ЗАВИТКА СЛАНИНА ВО ЛЕБ! Кога ќе видите што излезе и сами ќе сакате да пробате!

Многу одамна, утврдивме дека не постои човек кој не е вегетаријанец, а да не сака сланина. Затоа, ова е уште еден генијален и лесен рецепт од кој ќе ви дојде вода на уста.Доколку сте останале без идеја за феноменална ужина или пак „лесна“ вечера, со омилената сланина, ова е вистински рецепт за вас.
Потребни состојки:
– Леб. Што побел тоа подобро. Што помек, тоа повкусен.
– Неколку парчиња сланина. Крцкаво пропржени.
– Неколку јајца.
– Малку млеко.
– Сол
– Путер
Подготовка: 
Извадете ја кората од парчињата леб, поминете ги со сукало додека не почнат да се лепат. Ставете ја сланината во лебот, и завиткајте. Додадете го млекото и јајцата и добро измешајте. Потоа, во оваа смеса потопете ја сланина завиткана во леб.
Измешајте масло и путер, и пржете од двете страни се додека не добие светло кафена боја.
Се што ви преотанува е да го најдете вашиот омилен сос во кој ќе ја натопите оваа моќна ролна. 
Уживајте!Доколку сте останале без идеја за феноменална ужина или пак „лесна“ вечера, со омилената сланина, ова е вистински рецепт за вас.

Пронајдете не на следниве мрежи: