Зоран Илиоски: Заев денеска повторно успеа да избега и да го одложи судењето во кое требаше да се појави како обвинет за земање поткуп од 100 000 евра

Обвинетиот Зоран Заев денеска по кој знае кој пат, повторно го избриша подот со македонските судови, поигрувајќи се со законите и Уставот.Обвинетиот Зоран Заев денеска повторно успеа да избега и да го одложи судењето во кое требаше да се појави како обвинет за земање поткуп од 100 000 евра кои требале да бидат исплатени во менувачницата на Вицето.
Обвинетиот Зоран Заев и денеска продолжи да ја лаже и манипулира јавноста, обидувајќи се да објасни дека е нормарлно и законски да се бараат по 100 000 евра за Вицето и по 100 000 евра за црквата.
На обвинетиот Зоран Заев и неговиот тим, денеска им текна друга идеја. Неговите адвокати имале приватни обврски и не можеле да дојдат на ова рочиште. Претходно Зоран Заев ги одложуваше рочиштата затоа што средбите со некои амбасадори му биле поважни отколку поканите од македонските судови.
Нема граѓанин во Република Македонија кој може да си дозволи вакво однесување како на обвинетиот Зоран Заев. Секој што добил покана за каков било сообраќаен прекршок ги почитувал судските покани. Секој што добил прекршочна пријава дури и за фрлање на отпушок на улица одговарал на поканите од судот.
Се наметнува прашањето, зошто Зоран Заев е попривилегиран од сите останати во земјава? Кој му дал право на обвинетиот Зоран Заев да ги гази институциите во Република Македонија.
ВМРО ДПМНЕ го осудува ваквото однесување на Зоран Заев и бара институциите да имаат ист третман кон него како и кон сите останати граѓани на Република Македонија.Обвинетиот Зоран Заев денеска повторно успеа да избега и да го одложи судењето во кое требаше да се појави како обвинет за земање поткуп 

Пронајдете не на следниве мрежи: