Ароматични и сочни сарми со димен лосос

Печени во рерна со ароматичен прелив, за годинашниов Свети Никола подгответе посочни и повкусни посни сарми.

На посната трпеза за Свети Никола, како слава или именден, едноставно мора да се најдат и сарми, покрај риба и тавче гравче. Киселата зелка за овој празник не се полни со мелено месо, туку со ориз, а нашиот е предлог е фил кој на сите ќе им се допадне. Покрај оризот, додатете и ореви, лосос и морков. Уште подобро е што сармите не се крчкаат на шпорет, туку само се печат во рерна и на тој начин ќе бидат посочни, а за подобриот вкус заслуга има и ароматичниот прелив од вода, лукче и блага пипер.

Потребни состојки:

2 кромида
2 праза
1 морков
100 гр ориз
450 гр мелени ореви
100 гр димен лосос
1 лажичка блага пипер
1 лажичка вегета
3 чешниња лук
кисела зелка
сол
бибер
Подготовка:

Кромидот и празот ситно исечкајте ги па пропржете ги на масло. Кога ќе омекнат додадете и сечкан морков. Посолете. Потоа додадете го и измиениот ориз и добро измешајте. По две минути додадете ги и мелените ортеви, па зачинете со вегета и бибер. Добро промешајте и тргнете од шпорет. Додадете го сечканиот лосос и повторно добро соединете. Киселата зелка исчистете ја, измијте ја и ставете ја да отстои во млака вода околу 30 минути. Потоа листовите полнете ги со филот како што секогаш правите. Редете ги во намастена тепсија и сипајте од преливот кој што го направивте така што сте ги измешале мелениот лук, водата и благата пипер. Печете на 200°C околу половина час.

Овој Свети Никола ќе има поубава арома.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.