Брз и вкусен ручек кој ќе го снема за 5 минути: Рецепт за меки панцероти со јогурт

Сите видови пецива се секогаш омилен избор за појадок или вечера, па панцеротите се хит кај многу луѓе.

Ваквото пециво е одлично затоа што може да се наполни со се, брзо се подготвува и може да се пржи, но и да се пече во рерна, што е поздраво.

Состојки:
2 чаши брашно
1 чаша јогурт
1 прашок за пециво
1 лажичка сол
1/2 лажичка шеќер
200 гр шунка
100 гр сирење
2 лажици сос од домати

Подготовка:
Замесете тесто со мешање брашно, јогурт, прашок за пециво, сол и шеќер.
Од смесата направете шест топчиња и оставете ги да отстојат 20 минути.
За тоа време подгответе го филот така што ќе ја изрендате шунката, па измешајте ја со сирење/кашкавал и сос од домати.
Кога ќе поминат 20 минути, секое топче израмнете го со сукало и направете круг од тестото, па на едната половина прелијте го филот и преклопете го притискајќи ги краевите со вилушка.
Можете да ги пржите во тава така што ќе го загреете маслото и ќе ја пржите панцеротата додека не порумени, а потоа ќе ги ставите на салфетка за да се исцеди маслото.
Ако сакате да ги печете во рерна, оставете ги топчињата да одморат 30 минути пред да ги наполните, премачкајте ги со јајце и печете ги околу 20 минути во загреана рерна на 200 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.