Вештачката светлина се поврзува со зголемен ризик за дијабетес

Според ново истражување, изложеноста на надворешно вештачко осветлување навечер е поврзана со зголемен ризик од дијабетес. Истражувачите откриле дека изложеноста на вештачка светлина навечер може да биде ризик-фактор за појава на дијабетес и дека над 9 милиони случаи на дијабетес во Кина се поради изложеноста на ваквата светлина.

Вештачката светлина се поврзува со зголемен ризик за дијабетес

Појавата и развивањето на болеста е резултат на повеќе ризик-фактори, а вештачката светлина навечер е една од околинските причини за појава на дијабетесот. Брзиот развој на нацијата довел до драматичен пораст на изложеноста на светлина на жителите.

Според истражувањето, интензитетот на светлинското загадување во урбаните средини се зголемил во градовите и околу нив. Оваа светлина влијае врз биолошкиот часовник на човекот. Познато е дека светлинското загадување доведува до убивање на инсекти, птици и други животни бидејќи го нарушува нивниот биолошки часовник.

Истражувањето било спроведено на 98.658 лица во Кина со просечна возраст од 42,7 години. Истражувањето покажало дека дијабетесот бил поприсутен во местата со повеќе вештачко осветлување.

Вештачката светлина навечер се поврзува и со потенцијални метаболички промени во телото. Едно истражување покажало дека глувците изложени на вештачка светлина развиле промени во телото кои довеле до нетолеранција на глукоза, што довело до поголем шеќер во крвта. Други истражувања откриле врска помеѓу вештачкото осветлување и други здравствени проблеми кај луѓето, како срцеви болести и дебелина.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.