Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка и предложи притвор за 27-годишник со двојно македонско и австралиско државјанство, за кого постои сомнение дека сторил – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
На 10 март, на крстосница меѓу улиците „Партизанска“ и „Михајло Андоновски“ во Битола, осомничениот во видно алкохолизирана состојба управувал со автомобил БМВ Х6. Двајца полициски службеници го запреле и се обиделе да го легитимираат, по што осомничениот најпрво започнал да ги навредува, а потоа и физички го нападнал едниот полицаец, удирајќи го по главата и вратот. Полицајците го совладале и го уапсиле.
Судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола го прифати предлогот на обвинителот и на осомничениот му определи притвор во траење од осум дена.
- Spotify воведува зелена ознака за вистински артисти во ерата на АИ музикатаSpotify воведува нова ознака „Verified by Spotify“ со зелена потврда, со која… Read more: Spotify воведува зелена ознака за вистински артисти во ерата на АИ музиката
- Голема акција на полицијата: Одземени пушки, пиштоли и муницијаПолицијата во Бјело Поље спровела акција што резултирала со откривање на голема… Read more: Голема акција на полицијата: Одземени пушки, пиштоли и муниција
- Моди ги повика Индијците да штедат горивоИндискиот премиер Нарендра Моди денеска ги повика граѓаните и компаниите да штедат… Read more: Моди ги повика Индијците да штедат гориво
- Ракометарите ги почнуваат подготовките за баражот со СловачкаМакедонската ракометна репрезентација денес го имаше првиот собир пред претстојните бараж дуели… Read more: Ракометарите ги почнуваат подготовките за баражот со Словачка
- Мицкоски: Нашата борба е за знаење, развој, институции и за достоинствен животСè што правиме во овој период е насочено кон тоа државата… Read more: Мицкоски: Нашата борба е за знаење, развој, институции и за достоинствен живот



