Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, порача во неделата дека заедничко решение со две држави е единствениот начин да се постигне мир меѓу Израел и Палестина.
Реџеп Таип Ердоган додаде дека Турција е решена да ги засили дипломатските напори за деескалација на конфликтот меѓу израелските и палестинските сили.

Говорејќи во Истанбул, турскиот претседател кажа дека израелско-палестинскиот конфликт е во срцето на повеќето конфликти и прашања на Блискиот Исток, додавајќи дека сега е неопходно да се формира независна палестинска држава со Ерусалим како главен град.
- Хороскопски знаци кои постојано трошат пари на работи што не им се потребни
- Голем ден за Сирија: Првата трансакција со Visa и Mastercard по повеќе од 15 години
- При претрес на затвореник во Идризово најдена грутчеста материја
- Дали знаевте дека јадењето помалку храна всушност може да го отежни процесот на слабеење?
- Ожалостена мајка тужи компанија за вештачка интелигенција: „Мојот син се самоуби поради вештачка интелигенција, апликацијата го убеди да го стори тоа!“
Портпаролот на Хамас, да потсетиме, кажа дека не станува збор за прекин на огнот додека Израел ја ескалира војната. Хазем Касем од екстремистичкото палестинско движење во неделата изјави дека Израел започнува „агресија врз цивилите“ и дека не може да се зборува за примирје.
„Рано е да се зборува за посредување бидејќи бојното поле одредува кој ја контролира ситуацијата“, изјави Хазем Касем за странските медиуми.
Израелските сили, да потсетиме, во моментов го гранатираат Појасот Газа и палестинската територија, додека Хамас ги напаѓа јужните и централните делови на Израел.
Бројот на загинати се зголемува од час во час.
Израел вели дека најмалку 350 луѓе се убиени, а повеќе од 1.600 се ранети од почетокот на нападот во саботата. Палестинските власти, пак, наведуваат дека загинале 232 Палестинци, а 1.700 се ранети.
Пронајдете не на следниве мрежи:



