Вчера во полициската станица во Куманово, 63 годишен маж со иницијали С.Т од Куманово пријавил дека околу 16.10 часот додека управувал автобус, сопственост на фирма од Куманово, на релација од Петровец до Куманово, во близина на раскрсницата помеѓу ул.„3-та МУБ„ и ул.„Тоде Мендол“ во Куманово му бил попречен патот од патничко моторно возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки.

Од возилото излегле три лица кои започнале расправија со него, по што едно од лицата физички го нападнало.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
- Консумирањето повеќе од овие хранливи материи може да го намали ризикот од мозочен удар
- Порно актерката откри: Вака изгледа снимањето филмови за возрасни – јавноста е во шок
- (Видео) Голем пожар во Чернобил: Засега нема радијацијата е стабилна
- Седум странски државјанки работеле како танчерки во ноќен клуб во Охрид
- Хороскопски знаци кои постојано трошат пари на работи што не им се потребни


