ЕУФОР нема информации за кампови за обука на паравоени сили во БиХ

Воените сили на Европската унија во Босна и Херцеговина (ЕУФОР) немаат информации или докази кои би потврдиле дека во таа земја има паравоени кампови за обука, како што тврди министерот за одбрана на БиХ Зукан Хелез, се вели во соопштението на ЕУФОР.

Командата на ЕУФОР во Сараево наведува дека редовно ја анализира ситуацијата на терен и собира информации од суштинско значење за зачувување на мирот во Босна и Херцеговина, во согласност со мандатот што ѝ е доверен, но дека сè уште не добила докази за постоењето на нелегални кампови.

Утре е 12.12 и се смета за најмоќниот ден во годината: Еве што мора да правите
Декември се смета за  најмистичниот период во годината,  особено кога станува збор за астрологијата и нумерологијата а утре е еден од оние посебни денови во годината. Според нумерологијата, датумот 12.12. (12 …
Се омажи на 22 години за постар музичар и посвоија 48 деца! Есма Реџепова имаше богат живот: Тешко ѝ беше детството, но светот го освои со својата музика (фото/видео)
Есма Реџепова многумина ја нарекуваа кралица на ромската музика, а почина на денешен ден, 11 декември, пред осум години во Скопје на 74-годишна возраст, по кратко и …

Министерот за одбрана Хелез во минатонеделното интервју рече дека има информации за постоење на кампови во кои се спроведува паравоена обука со руски инструктори и дека во неа повремено учествуваат и припадници на полицијата на Република Српска.

Тој рече дека такви кампови постојат во општина Рогатица во источна Босна и на планината Маглиќ.

ЕУФОР на прашањата на медиумите во врска со тоа одговори дека ја следат ситуацијата на терен и засега немаат информации за безбедносни закани како оние за кои зборуваше Хелез, а за тоа не беа информирани ниту од властите на Босна и Херцеговина.

Покрај базата во близина на Сараево, која ја дели со штабот на НАТО во Босна и Херцеговина, ЕУФОР има 19 тимови за врски низ целата земја, а нивните членови редовно ја проверуваат ситуацијата на терен, вклучително и контакти со локалното население.

„ЕУФОР континуирано вложува напори во следење на развојот на состојбите во регионот со цел одржување на безбедна и стабилна средина. Нашата соработка со претставниците на властите во Босна и Херцеговина е од клучна важност со цел да се обезбеди проактивен и координиран одговор на секој предизвик. ЕУФОР останува цврсто посветена на безбедноста во регионот“, се вели во соопштението.

Во понеделникот, министерот Хелез како сведок во Обвинителството на БиХ ги презентираше своите тврдења за постоење на паравоени кампови за обука, кое отвори истрага по неговите изјави за медиумите.

Политичарите од Република Српска почнаа серија напади врз Хелез, вклучително и барање за негова смена од министерската функција.

Хелез тврдењата за постоење на сомнителни логори ги изнесе откако министерот за полиција на РС Синиша Каран изјави дека има меѓу 100 и 120 „параџемати“, односно изолирани заедници на радикални исламски верници, кои би можеле да претставуваат закана за безбедноста. И Каран не понуди никаков доказ за своите тврдења.

Пронајдете не на следниве мрежи: