Поранешната водителка Мелита Ракичевиќ после долго време се појави во јавноста. Таа меѓу другото зборуваше и за прватниот живот, но и за разводот од нејзината големата љубов, скопскиот угостител Владимир Соме Ракичевиќ.

Мелита, во поткаст не криеше дека со Соме научила речиси се за животот, а истакна дека плод на нивната љубов е ќерката Барбара.
- Голем ден за Сирија: Првата трансакција со Visa и Mastercard по повеќе од 15 години
- При претрес на затвореник во Идризово најдена грутчеста материја
- Дали знаевте дека јадењето помалку храна всушност може да го отежни процесот на слабеење?
- Ожалостена мајка тужи компанија за вештачка интелигенција: „Мојот син се самоуби поради вештачка интелигенција, апликацијата го убеди да го стори тоа!“
- Аларм од ФАО: Цените на храната повторно растат
- Поминавме преубави 20 години, ме научи на многу работи. Првата вотка на 25 години ја испив со Соме. Бев построго држена, посветена на учењето… Навистина не знам како сето тоа се случи, беше доста упорен, внимателен, искусен заводник и успешен човек… Преубав живот имавме заедно. Е сега, имавме доста голема разлика во години, пред се, си почнаа некои проблеми со текот на годините, превари… Цели ноќи бев сама, доаѓаше со испиена една флаша виски и така почнаа некои драми, изјави Мелита која додаде дека го има „фатено на дело“, по што го „истепала“.
Па на сето тоа се надоврза…
-Тие работи се случуваат кај сите, но не така јавно и транспарентно. Јас сум фер, ако сум со некој долги години би му кажала иди два дена во Белград, испукај се и врати се како нов. Мене ми е тоа ок, тоа е нормално по 10 години да изгостираш девојка. Но да ме бламира по град, плус сум јавна личност, понижувачки е, не да ќе го тепам ќе го „утепам“… се шалам. Многу бев сама… Но и денес сме во добри односи, заврши Мелита.


