Мециновиќ: Левица може да ја замени СДСМ во левиот блок, тие ни се идеолошки непријател

Левица може да ја замени СДСМ во левиот блок, тие ни се идеолошки непријател, вели  во гостување во „Тешки муабети“ портпаролот и пратеник на Левица, Амар Мециновиќ.

– Ако се сеќавате, ВМРО-ДПМНЕ изгуби на изборите после промената на името. Што се смени сега? Сега ВМРО-ДПМНЕ ја има локалната власт и тие тоа го исокристија. ВМРО-ДПМНЕ се покажа како неблагодарна за полиитчка соработка.

СДСМ ќе се маргинализираат, претпоставувам нема да исчезнат потполно како политичка партија. Ние треба да го заземеме доминантниот дел од левиот блок и тоа очекуваме да се види на следните локални избори, затоа што во скопските општини веќе сме еднакви, вели Мециновиќ.

Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ќе добие поддршка да не ги стави Бугарите во Уставот.

– Ќе ги поддржиме и доколку сакаат да направат влада без албански пратеници, нагласи Мециновиќ.

Целата епизода гледајте ја во продолжение:

Пронајдете не на следниве мрежи: