Ники Хилтон Ротшилд е една од најбогатите жени во светот која сака да го носи истото палто со леопард принт секоја есен.
Од првите денови од есента, Ники Хилтон Ротшилд носи палто со леопард принт повеќе од 7 години. Една од најбогатите жени во светот не ги следи модните трендови и носи она што и’ е при рака.
- Ракометарите ги почнуваат подготовките за баражот со Словачка
- Мицкоски: Нашата борба е за знаење, развој, институции и за достоинствен живот
- СЗО препорача 42-дневен карантин за патниците од крузерот каде изби епидемија на хантавирус
- Ахмед ал-Шара ги отстрани двајцата браќа од високи позиции по обвинувања за непотизам
- Мицкоски го посети Пустец: Помладите генерации не треба да ја плаќаат цената на политичките поделби
- Ана Ивановиќ повторно вљубена: Нејзиниот нов партнер не е дел од јавната сцена
- Латвискиот министер за одбрана поднесе оставка по инцидентот со украинските дронови
- Филипче: Македонскиот јазик не е загрозен, признат е во ЕУ, Мицкоски лаже
- Сакате поздрави црева? Вклучете ги овие четири намирници во вашата исхрана
Некогаш со фармерки, некогаш со сиви панталони, балетанки или чизми, Ники сака да носи капут во овој впечатлив дезен.

Така беше и деновиве кога излезе пред зградата во која живее во Њујорк облечена во капут со леопард принт, кожна чанта Марк Џејкобс во рацете, црни фармерки и рамни чевли.
Кога Ники се омажи за Џејмс, двојката обедини две од најбогатите американски семејства – Хилтонови и Ротшилд.
Џејмс Ротшилд е вториот сопруг на Ники Хилтон, а тој е исклучително успешен бизнисмен чие богатство надминува 1,3 милијарди долари.
Двојката има три деца, две ќерки и еден син, а заедно се појавуваат насекаде, покажувајќи им на сите како се хармонично и среќно семејство
Пронајдете не на следниве мрежи:



