Синдикатот на полиција во Македонија денеска до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против лицата О.С., во момент на сторување на кривичното дело министер за внатрешни работи, и Д.Ч. во моментов актуелна претседателка на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, заради основано сомнение за сторени две кривични дела – „повреда на право од работен однос“ и „злоупотреба на службена положба и овластување“.
По претходно спроведена постапка за утврдување на дисциплинска одговорност на работник во МВР за полесна повреда на кршење на работна дисциплина првопријавениот во својство на министер изготвил решение што во ниту еден случај не смеел да го изготви, а после тоа изготвил и решение со кое на работникот В.Р. и врачил отказ, изјави Орце Коцевски, претседател на Синдикатот на полиција во Македонија, на денешната прес-конференција пред ОЈО Скопје.
- Најточниот неделен хороскоп за 18-25 мај: Сезоната на Близнаци носи среќен период за 3 знациезоната на Близнаци пристигнува на 21 мај, а Близнаците, Водолијата и Вагата ќе уживаат во позитивен период. Венера влегува во Рак на 19… Read more: Најточниот неделен хороскоп за 18-25 мај: Сезоната на Близнаци носи среќен период за 3 знаци
- Џесика Алба конечно ја откри тајната на својата убиствена фигура – и тоа е толку едноставно Актерката Џесика Алба е во добра форма, иако не сака да тренира, а кога станува збор за исхраната, се држи до принципот „Фантастична… Read more: Џесика Алба конечно ја откри тајната на својата убиствена фигура – и тоа е толку едноставно
- Во автомобилот му наше бела грутчеста материја, а дома марихуана и таблети: Уапсен 40 годишен велешанецМВР информира дека доцна синоќа во 22:20 часот во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го… Read more: Во автомобилот му наше бела грутчеста материја, а дома марихуана и таблети: Уапсен 40 годишен велешанец
- Приведен 19-годишник од Бојане кој убил 18-годишник, случајот го пријавил таткото на убиецотПриведен е 19-годишник од село Бојане кој завчера уби 18-годипник од истото село. Полицијата денеска соопшти дека против него ќе биде поднесена кривична… Read more: Приведен 19-годишник од Бојане кој убил 18-годишник, случајот го пријавил таткото на убиецот
- Што е „Бангаранга“? Победничката песна од Евровизија крие силна симболикаБугарската пејачка Дара победи на 70-тото јубилејно издание на Евровизија, а по големиот триумф, вниманието на јавноста беше насочено кон значењето на нејзината… Read more: Што е „Бангаранга“? Победничката песна од Евровизија крие силна симболика
Второпријавената, пак, како што кажа, во својство на претседателка на Комисијата, решавајќи по приговор изготвила решение со кое приговорот по незаконското решение го одбила како неосновано.
Бараме ОЈО Скопје да ја земе во предвид оваа и сите наши претходни пријави, сериозно да ги разгледаат и веќе конечно да поведат постапка против наведените лица, односно да дадат обвинителен предлог и да почне да се спроведува правдата во Македонија, рече Коцевски.
Нагласи дека како синдикат во јавноста веќе две-три години зборуваат дека во последните неколку години во времето на владеење на поранешниот министер за внатрешни работи незаконски се издадени преку 25 илјади решенија.
Станува збор за преку 25 илјади решенија за распоредување од чие изготвување според официјалната пресметката е сторена штета на буџетот на МВР од преку 25 милиони евра. Се надевам дека ОЈО ќе има сериозна работа пред себе, сериозен предизвик и дека сета оваа работа вклучително и денешнава ќе излезе пред јавноста за многу брзо време, посочи Коцевски.
Од почетокот на годината синдикатот има поднесено повеќе кривични пријави против поранешниот министер, кој функцијата ја извршуваше долги години.
Пронајдете не на следниве мрежи:



