Иако не постои точен датум или временски рок за китење елка, експертите имаат неколку совети кои можат да ви помогнат во носење на одлуката.
Традиционално, елката не се поставувала и украсувала пред 31-ви декември, но многумина ја украсуваат 12 дена пред Нова година, додека некаде таа се поставува за Св. Никола.
![](https://puls24.mk/wp-content/uploads/2022/12/elka.jpg)
Од друга страна, експертите советуваат дека елката не се поставува многу порано, туку две недели пред Нова година, за да не ги изгуби сувите иглички и да не се исуши.
Со ова мислење не се согласуваат лицата кои ги одгледуваат и тврдат дека е најдобро да се земаат елките што е можно порано бидејќи се сечат во средината на ноември и подобро е што поскоро да се стават во вода.
Се разбира, во случај да користите пластична елка, може да ја поставите и порано.
Сепак, доколку мислите дека пластичната елка е подобар избор, токму поради избегнување на горе споменатите проблеми – се лажете.