Израелскиот министер за одбрана Јоав Галан денеска изјави дека одговорот на Израел во Појасот Газа „ќе се памети во следните 50 години“ и додаде дека палестинскиот „Хамас ќе зажали што ги извршил нападите“.

- Правилата на војната се сменија. Цената што ќе ја плати Појасот Газа ќе биде многу висока, што ќе ја промени реалноста за генерациите што доаѓаат – рече Галан за време на обиколката на градот Офаким на југот на Израел, каде што борците на Хамас упаднаа во саботата и ги земаа Израелците како заложници. пренесува Тајмс оф Израел.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) ги објавија имињата на уште 13 од 57 војници убиени во борбите со Хамас во јужен Израел.
- Хороскопски знаци кои постојано трошат пари на работи што не им се потребни
- Голем ден за Сирија: Првата трансакција со Visa и Mastercard по повеќе од 15 години
- При претрес на затвореник во Идризово најдена грутчеста материја
- Дали знаевте дека јадењето помалку храна всушност може да го отежни процесот на слабеење?
- Ожалостена мајка тужи компанија за вештачка интелигенција: „Мојот син се самоуби поради вештачка интелигенција, апликацијата го убеди да го стори тоа!“
Повеќе од 600 Израелци се убиени и повеќе од 2.000 ранети во нападите на палестинската милитантна група Хамас врз Израел, а повеќе од 100 се киднапирани.
Како одмазда, Израел започна воздушни напади во кои, според палестинските власти, најмалку 370 луѓе загинаа во Појасот Газа, а околу 2.200 беа ранети.
Пронајдете не на следниве мрежи:


