Организмот реагира: Ова се знаци дека јадеме премногу леб

Иако лебот е една од најпопуларните намирници намирници, пред сè затоа што може брзо да се подготви и да се јаде на различни начини, диететичарите предупредуваат дека не треба да претеруваме.

Доколку јадеме прекумерни количини леб и пекарски производи, во нашиот организам се јавуваат неколку негативни несакани ефекти. Еве неколку знаци дека веројатно јадеме премногу леб.

Дигестивни проблеми
Луѓето кои се нетолерантни на глутен или страдаат од целијачна болест, може да се чувствуваат надуени после јадење леб. Дополнително, со оглед на тоа дека лебот е богат со јаглехидрати, доколку се прејадуваме со неговото консумирање, би можеле да имаме дигестивни проблеми како запек или грчеви.

Зголемен глад
Лебот, особено белиот леб, содржи големи количини јаглехидрати, а со тоа и висок гликемиски индекс. Така, едно истражување покажало дека храната со висок гликемиски индекс може да го влоши чувството на глад и да доведе до непотребно прејадување во текот на денот.

Ненадеен пораст на шеќерот во крвта
Во случај на прекумерно консумирање леб, во нашиот организам ќе дојде до нагло зголемување на шеќерот во крвта, што со себе носи и бројни други негативни појави. Како што објаснуваат диететичарите, честото зголемување на шеќерот во крвта може да доведе до зголемен ризик од дијабетес.

Висок холестерол
Покрај наглото зголемување на шеќерот во крвта, прекумерното консумирање леб може да доведе и до покачен холестерол. Причината е што производите како кроасаните, кифлички со путер и сите други видови на пакуван леб се богати со трансмасти, што може да доведе до покачен холестерол, доколку се консумираат редовно.

Проблеми со кожата
Исто така, прекумерното консумирање леб кај големиот број луѓе предизвикува проблеми со кожата, пред сè појава на мозолчиња или акни. Храната како лебот, но и тестенините, белиот ориз и другите рафинирани зрна направени од бело брашно, може да предизвикаат мозолчиња на нашата кожа. Како што покажала една студија, луѓето кои консумираат премногу рафинирани јаглехидрати имаат 30% поголем ризик од развој на акни.

Пронајдете не на следниве мрежи: