Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донел Наредба за спроведување истражна постапка против лице на возраст од 81 година, осомничено за други полови дејствија спрема дете кое не наполнило 15 години.
како што соопштуваат од ОЈО, осомничениот искористил прилика во која деветгодишно девојче побарало од него услуга како нејзин сосед, ја повикал во својот дом во Кисела Вода и таму ја допирал.
Посочуваат дека надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор, имајќи предвид дека во конкретниот случај постои опасност од бегство, можност осомничениот да влијае врз жртвата или да го повтори делото.
- Консумирањето повеќе од овие хранливи материи може да го намали ризикот од мозочен удар
- Порно актерката откри: Вака изгледа снимањето филмови за возрасни – јавноста е во шок
- (Видео) Голем пожар во Чернобил: Засега нема радијацијата е стабилна
- Седум странски државјанки работеле како танчерки во ноќен клуб во Охрид
- Хороскопски знаци кои постојано трошат пари на работи што не им се потребни



