На социјалните мрежи се појави видео од киднапирани израелско деца, наводно, киднапирани од членови на Хамас.
На видеото се гледаат шест расплакани деца кои се обидуваат да излезат од кафезот, а според пишувањата на социјалните мрежи децата биле киднапирани од членови на Хамас. Засега нема информации каде е направена снимката.

Видеото беше објавено на интернет, но набрзо беше избришано. Автентичноста на видеото се уште не е потврдена.
Милитантната група Хамас во саботата започна напади врз Израел во кои загинаа најмалку 600 луѓе, а повеќе од 2.000 беа повредени, по што израелските одбранбени сили започнаа напади врз Појасот Газа.
Палестинското Министерство за здравство во Газа на Фејсбук објави дека бројот на загинати Палестинци се искачи на 370, а дека околу 2.200 се повредени.
- Хороскопски знаци кои постојано трошат пари на работи што не им се потребни
- Голем ден за Сирија: Првата трансакција со Visa и Mastercard по повеќе од 15 години
- При претрес на затвореник во Идризово најдена грутчеста материја
- Дали знаевте дека јадењето помалку храна всушност може да го отежни процесот на слабеење?
- Ожалостена мајка тужи компанија за вештачка интелигенција: „Мојот син се самоуби поради вештачка интелигенција, апликацијата го убеди да го стори тоа!“


