Чантата на Луј Витон во облик на авион чини повеќе од вистински авион

Loading...

Фотографијата од чантата во облик на авион, дело на модната куќа Луј Витон, неодамна стана вирална на социјалните мрежи бидејќи наводно изнесува повеќе од половен авион со еден мотор.
Парчето од овогодишната машка колекција кое го дизајнирал уметничкиот директор на луксузниот бренд, Вирџил Абло, предизвика различни мислења на социјалните мрежи како и многу други негови досегашни креации.


Чантата во облик на авион беше претставена во јануари, но дури неодамна го привлече вниманието на интернет и тоа поради вртоглавата цена од – 39.000 долари. Иако фотографиите кружат на интернет веќе неколку месеци, дури неодамна привлекоа големо внимание кога една корисничка на Твитер напишала дека за истите пари можете да купите вистински половен авион.
„Всушност, можете да купите авион и за помалку пари“, додала таа, а некои започнале да објавуваат и огласи за продажба на авиони кои го докажуваат тоа.

loading...