Што се случува кога ќе престанете да јадете леб? 8 РАБОТИ ШТО МОРА ДА ГИ ЗНАЕТЕ

Сите сакаат исхрана со малку јаглехидрати. Лебот не се јаде. Тестенините се преценети. А луѓето на диета експериментираат колку далеку можат да одат со ниско внесување на јаглехидрати. Еве што може да ви се случи ако се откажете од лебот:

Што се случува кога ќе престанете да јадете леб? 8 РАБОТИ ШТО МОРА ДА ГИ ЗНАЕТЕ
  1. Губите вода од организмот

Кога го намалувате внесот на јаглехидрати, првото нешто што ќе го забележите е колку брзо, како магија, телесната тежина започнува да се намалува. Но, тоа што го губите не се масти. Тоа е вода.

-Кога јаглехидратите се складираат во организмот во форма на гликоген, секој грам јаглехидрати чува три до четири пати од својата тежина во вода – веди нутриционистот Мери Спано. Тоа значи дека штом ги исфрлите јаглехидратите и започнете да ги користите вашите залихи на гликоген, ќе изгубите голема количина на вода.

  1. Ќе добиете грип предизвикан од недостаток на јаглехидрати

-Јаглехидратите се главен извор на енергија за мозокот. Кога некој го намалува внесто на јаглехидрати, мозокот послабо работи, особено кога се намалува и исчезнува залихата на гликогенот – вели Спано.

На крај, кога ќе исчезне гликогенот, вашето тело ги разградува мастите и функционира на мали фрагменти на јаглехидрати наречени кетони. Резултатот е: непријатен здив од устата, сува уста, замор, слабост, вртоглавица, несоница и мачнина. Во суштина, се чувствувате како да имате грип. На крајот вашето тело се прилагодува да функционира на кетон, така што не се чувствувате толку лошо, но тоа и понатаму не е најдобар извор на енергија за вашето тело.

  1. Ви се намалува желбата за храна

Преработените јаглехидрати се критикувани затоа што поради нив нагло скока нивото на шеќер во крвта, што исто толку нагло опаѓа. Неодамнешното истражување, укажува дека оваа промена ги активира центрите за зависност во мозокот, што доведува до последична желба за храна. Изборот на житарки од цели зрна богати со влакна може да ги спречи овие осцилации и така да ја спречи желбата за храна, вели нутриционистот Алекс Каспер.

  1. Ризикот од срцеви заболувања и дијабетес може да се зголеми – или намали

Видот на житарици што ги исфрлате има важна улога. На пример, едно истражување од 2014 година открива дека преработените јаглехидрати го зголемуваат нивото на масна киселина во телото (наречена палминолеинска киселина), што доведува до зголемен ризик од срцеви заболувања и дијабетес. Спротивно на тоа, според наводите од Американската асоцијација за здравје на срцето, житарките од цело зрно може да го подобрат нивото на холестерол во крвта и да го намалат ризикот од срцеви болести, мозочен удар, дебелина и дијабетес тип 2. Изборот е очигледен.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПОДОЛУ КАДЕ ЌЕ ПРОЧИТАТЕ УШТЕ 4 ВАЖНИ РАБОТИ ШТО ТРЕБА ДА ГИ ЗНАЕТЕ ЗА ЈАДЕЊЕТО ЛЕБ ⬇️⬇️⬇️

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.