ВИСТИНАТА ЗА ТЕМПЛАРИТЕ – ВИТЕЗИТЕ НА ХРАМОТ (дел 2)

Ајде да видиме што кажува официјалната верзија – Раѓањето на редот на витезите Темплари
Светиот град Ерусалим, каде Христ умрел и повторно станал, бил под муслиманска власт (тие истотака верувале дека тоа е свет град). Меѓутоа, следбениците на Мухамед, по правило, не им дозволувале на аџиите од другите вери да го посетат градот и своите светињи да ги обожуваат. Сепак, со ширањето на Турците Селџуци, оваа очигледно мирна ситуација започнала да се менува, а на Европјаните им постанало се потешко и да дојдат до границите на современиот Израел.

Селџуците Турци не ја испуштале приликата да ги ограбуваат и убиваат аџиите-патници. Покрај тоа, тие на тој начин се обидувале да ги увредат кралствата кој ја исповедаат христијанската вера. Сите овие фактори, како и агресивни дејства (и територјални и политички) довеле до тоа за да во 1095 година Папата ја прогласи Првата Крстоносна Војна за ослободувањето на Светата Земја.
Занесени со идејата за походот и планот да ја издигнат својата вера над верувањето на оние кој се нарекуваат “неверници”, стотина витези се обединиле во војни единици, да го освојат Ерусалим со сила. И таа намера доживеала остварување на 15-ти јули 1099, кога војската, која се засновала на тешката коњаница (Европа испратила повеќе д 4000 воници), со ист број пешадија, влегле во градот. Набрзо, месните жители ги замрзеле нив.

Причини за тоа имало многу. Преплавени со желбата за освета, крстоносците започнале бројни злочини – воопшто, широко биле распространети кражбите и убиствата. Тоа им случило на многу христијаните кои останале во градот откако нивните вооружени бранители заминале. Без доверлив воен штит, како заштита од нападите на Сарацените, стотина христијани се убиени и фрлени на сите врсти на вознемирувања. “После масакарот витезите ги присилувале војниците да се вратат во своите куќи, оставајќи ги во сериозни проблеми браќата, кој одлучиле таму да се населат и кои потоа биле подвргнати на тешки прогони”, пишува популарниот хроничар на историјата Виктор Кордеро Гарсија во својата книга “Вистинитата историја за Витезите Темплари од 12в. до денешни денови” – (« Historia real de la Orden del Temple: Desde el S XII hasta hoy »).
Во напорите да ги заштитат аџиите од константните напади, неколку групи од витезите, кои живееле во Ерусалим, заминале со оружјето кај “неверниците”. 

Една од нив, кој се состоела од девет членови, 1118 година ветувала дека ќе го заштитат патот, и животот на христијаните од нападите на муслиманите. Тие постанале основата на редот на Витезите Темплари. Од тој момент, сочувани се две имиња на основачите: Пајенски Хуго (Hugo de Payens), кој подоцна постанал првиот Голем Мајстор на Редот, и Готфрид Сент Омерски (Godofredo de Saint-Aldemar). “Тоа биле во времето на владењето на кралот Балдвин I, кој им приредил топло добредојде на јадните Христови војници”, како што себеси се нарекувале. Тие поминале на Светата Земја девет години, престојувајќи во една од палатите, кој им ја наменил Болдвин I, која се наоѓала непосредно над некогашниот Соломонов Храм (одтука и името Витези на Храмот), “напишал истражувачот Рохелио Увале (Rogelio Uvalle) во својата книга “Комплетната историја на Витезите Темплари” «Historia completa de la Orden del Temple»).

Првиот дел можета да го прочитате овде: ВИСТИНАТА ЗА ТЕМПЛАРИТЕ – ВИТЕЗИТЕ НА ХРАМОТ (дел 1.

Овој текст има 4 дела. Следете го тагот пулсот на темпларите за да ги прочитате сите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.