Виц: Инвалидската количка​

Некој човек се начукал во кафана и си седел до фајронт.
Кога веќе почнале да ги гасат светлата, пробал тој да стане од столчето, ама само што застанал, се струполил на земја.
Си рекол тој, ај да ползам до пред врата, воздухот може ќе ме освежи, па да можам до дома да си одам.
Отползел до врата, пробал да застане, ама пак се струполил.
Продолжил да се влечка до дома, пробал уште еднаш да стане пред влезната врата, ама пак не успеал.
На крај дошол до креветот и мртов пијан се струполил на него. Сабајле го разбудила жена му и му се раздрала:
– Ти пак си пиел вчера, а?
– Е, од кај ти сега тоа?
– Се, јавија од кафаната, пак си ја заборавил инвалидската количка​.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.