Пилешка салата

Потребни состојки:
1 помало парче пилешки стек
Половина авокадо
1 јајце
1 домат
Зелена салата
50 г свежо козјо сирење
Малку кромид
Масло, оцет
Сол и бибер
Начин на подготовка:
Сварете го јајцето. Пилешкиот стек испржете го на грил тава. Измијте ја салатата, доматот и авокадото и исечете ги на ситни парчиња.
Исечете го пилешкото месо на ленти. Излупете го јајцето и исечете го на кругови. Истото направете го со кромидот, а доколку не сакате кромид, не ставајте.
Промешајте ги сите состојки и зачинете со масло, оцет, сол и бибер.
На крајот, во салатата додајте и козјо сирење.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.