Чоколадни бомбици со банана

Состојки:
1 банана
1 лажица путер
2 лажици вода
1 лажичка цимет
малку екстракт од ванила
Прелив:
Неколку коцки темно чоколадо и една лажица млеко (по избор)
Подготовка:
Во поголем сад измешајте ги сите состојки за основната смеса, па убаво соединете ги со раце. Со дланките направете топчиња со саканата големина и ставете ги во замрзнувач додека го подготвувате преливот.
За прелив стопете го чоколадото, по желба додадете една лажица млеко за потечна текстура. Потоа потопете ги топчињата во чоколадото и ставете ги на плех обложен со хартија за печење. Ставете ги во фрижидер неколку часа за да се стегне чоколадото.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.