Вонредна состојба во Македонија

 

Вонредна состојба во цела Македонија! Поради последните настани пред Собранието во Скопје, кокошките на сите фарми низ целата земја се наоѓаат во критична состојба!

 

Имено, поради стравот дека нема да произведат доволно јајца за потребите на сите партии во Македонија, кокошките се под константен стрес. Лидерите на опозицијата постојано вршат контрола и пресинг врз кутрите кокошки, и се борат за секое ново снесено јајце како да е златно!

 

Утрово можевме да забележиме геноцид врз пилињата, бидејќи беа скршени илјадници јајца. Дел од нив беа упатени кон македонската Кока Кола, кој за среќа помина без повреди и успеа безбедно да се врати во Собранието.

 

Се надеваме дека откако протестите ќе завршат, дека ќе се формира независна комисија која ќе го истражува геноцидот над кокошките!

 

Ние ќе останеме на терен и ќе ве известуваме за состојбата на фармите во земјава. 

 

Овој текст има за цел само да ве забавува и релаксира.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: