12 симптоми кои укажуваат на инфекција на бубрезите

Бубрежна инфекција е вид на инфекција на уринарниот тракт која бара итен медицински третман.

Ако не се лекува правилно или навреме, инфекцијата може да предизвика трајно оштетување на бубрезите или инфекција опасна по живот.

Симптомите на бубрежна инфекција обично се развиваат многу брзо во рок од неколку часа или денови, а вообичаените симптоми вклучуваат:
болка и непријатност во долниот дел на грбот или околу гениталиите
висока температура
морници или треска
чувство на слабост
замор
губење на апетит
дијареа
болка или чувство на печење при мокрење
зголемена потреба за мокрење
крв во урината
урина со непријатен мирис или заматена боја
конфузија (кај постарите лица)
Кога е неопходно да се оди на лекар?
Иако секој од овие симптоми не мора да значи дека имате инфекција на бубрезите или некоја друга опасна болест, експертите предупредуваат дека е неопходно да се оди на лекар доколку болката не престанува подолго време или забележите крв во урината.

Имено, доколку по некоја случајност навистина се работи за бубрежна инфекција, неопходен е брз третман со антибиотици за навреме да се запре инфекцијата и да не се доведат до посериозни последици.

Пронајдете не на следниве мрежи: