Програма за млади банкари

Loading...

Една од стратешките определби на ПроКредит Банка е развојот на младите професионалци во одговорното банкарство. Како одговорна банка која обезбедува најдобри услуги за клиентите, ние постојано сме заинтересирани да ги имаме вистинските луѓе кои се поистоветуваат со нашата мисија и етичкиот начин на водење бизнис. Затоа, постојано вложуваме во нивно усовршување, со цел да ги поддржиме во нивниот професионален развој.
Ако се препознавате во целите и етичките вредности на ПроКредит Банка, бидете дел од Програмата за Млади Банкари
Програмата претставува вистински предизвик за оние кои сакаат професионален развој во ПроКредит Банка и сакаат да се развиваат во професионалци и одговорни банкари.
Аплицирајте за шест месечната програма:
Доколку имате универзитетска диплома (со или без работно искутво) или сте апсолвент на факултетите по економски, правни, земјоделски, технички, филозофски или социјални науки 
Доколку имате желба да го надградите и продлабочите своето знаење.
Доколку сакате да работите со луѓе, комуникативни сте и ви одговара работа во тим. Имате развиени аналитички и математички способности и флексибилни сте за работа надвор од вашето место на живеење! 
Работното искуство ќе се смета за предност
 
Познавање на англиски јазик ќе се  смета за предност
 
Можете да аплицирате за Програмата за Млади Банкари пополнувајќи ја нашата
електронска пријава или прочитајте повеќе за програмата на следниов линк
 
(Ве молиме аплицирајте не подоцна од 23.03.2014)
 
Пополнете ја електронската пријава и наведете ги Вашите амбиции за пријавување во мотивациското писмо, и при тоа препорачуваме да ја погледнете содржината на нашата меѓународна веб страна (www.procredit-holding.com) и веб страната на нашата банка (www.procreditbank.com.mk). 
 
Сите останати начини на аплицирање ќе се сметаат за невалидни.
 
Само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат контактирани и поканети на тестирање.
 
Вашата апликација треба јасно да покаже, зошто токму Вие одговарате за оваа програма. 
 
Програмата се организира 4 пати годишно.
 
vrabotuvanje.mkКако одговорна банка која обезбедува најдобри услуги за клиентите, ние постојано сме заинтересирани да ги имаме вистинските луѓе кои се поистоветув

loading...
Loading...