Без кои 5 парчиња облека не смее да помине ова лето? Покрај тоа што се „must have“ за ова лето, овие парчиња и ласкаат на секоја женската фигура, така што доколку сè уште не ги поседувате, веднаш заминете во шопинг.
Мал црн фустан! И нема потреба ништо повеќе да додадеме, бидејќи малиот црн фустан е апсолутен хит за зиме и лето и за било која пригода, уште откако го лансираше Коко Шанел.
Долгите сукњи веќе неколку сезони се едно од најпосакуваните парчиња облека. Нормално, со оглед на тоа што тие ја издолжуваат фигурата и ве прават потенки. А во зависност од тоа како ќе ги искомбинирате, одговараат за секоја пригода.
Тексас јакната се враќа во мода. Класичните тексас јакни кои ги носевме како деца сега се повторно апсолутен хит во било која комбинација.
Чипкаста блуза и ќе станете магнет за мажи. Никој не може да одолее на нежниот изглед кој го нуди чипката, а доколку одберете еден број поголема блуза ќе го постигнете бараниот ефект на ноншалантен изглед, кој е хит летово.
Кратки пантолони со висок струк ќе направат вашите нозе да изгледаат бесконечно долги. Овие панталони се одлична замена за црното мини здолниште.
Без кои 5 парчиња облека не смее да помине ова лето? Покрај тоа што се „must have“ за ова лето, овие парчи
Пронајдете не на следниве мрежи: