Дефиниции за бракот

Хумористичен начин на кој би можеле да ги дефинираме неколкуте дефиниции за бракот од неколку поинакви аспекти.

Правна дефиниција: бракот е доживотна робија во која осуденикот се ослободува само поради лошо однесување.

Црковна дефиниција: бракот е религиски чин во кој добиваме уште еден распнат, а губиме уште една девица.

Животна дефиниција: во бракот ни една жена не го добива она на што се надевала и ниеден маж не се надевал на тоа што го добива.

Математичка дефиниција: бракот е собир(ање) на гњаважа, одземање на слобода, множење на одговорности и делење на пари.

Нутриционистишка дефиниција: бракот е најдобар начин да се здебелиш.

Воена дефиниција: бракот е војна во која спиеме со непријателот.

Филозофска дефиниција: бракот е место каде взаемно се делат и решаваат проблеми кои не би ги имале ако не сме во брак

Пронајдете не на следниве мрежи: