Му се фалел 90 годишен дедо на својот доктор, како жена му која е 65 години помлада од него останала бремена и дека наскоро ќе стане татко.
Докторот го потапкал дедото по рамото па му рекол:
„Да ти кажам јас тебе дедо една кратка приказна. Си бил еден ловец и едно утро заминал во лов на мечки. Кога наишол на огромен мечок ја побарал пушката и тогаш забележал дека наместо пушката го зел чадорот. Но, мртов ладен го вперил чадорот во мечокот и на негово чудо испукал и мечокот на лице место останал мртов…“
„Е тоа е невозможно!“ – го прекинал дедото. „Мора да имало уште некој тука. Сигурно некој пукал од позади неговиот грб, а он не ни знаел!“
„Токму така дедо“- му рекол докторот, „токму така!“
Пронајдете не на следниве мрежи: