10 работи кои девојките ги толерираат, а мажите не, кога се во врска или брак

Кога станува збор за врските, веруваме дека повеќето од Вас ќе се согласат дека жените се многу потрпеливи од мажите. Тоа што жените се потолерантни е резултат на многу фактори, а дали е тоа добра карактеристика на жената или не, оставаме на Вас да одлучите откако ќе ги прочитате 10-те работи што тие најчесто ги толерираат кога се во врска.

10 работи кои девојките ги толерираат, а мажите не, кога се во врска или брак

1. Селективно паметење
Неретко се случува да треба да повторите повеќе пати за да заврши некоја обврска, а тој постојано заборава? Или заборава на информација која веќе сте му ја кажале и секој пат е како првпат да ја слуша? Селективното памeтење многу често е причина за расправија во врската.

2. Неговиот поглед е постојано вперен во неговиот телефон
Тој постојано има некоја работа која мора да ја заврши на неговиот телефон, дури и кога ручате, разговарате или гледате филм. Остава впечаток дека не е присутен во времето кое го минувате заедно.

3. Очекува сите домашни обврски да ги завршите Вие
Од Вас се очекува, покрај одењето на работа, да ги завршите и сите домашни обврски? Готвење, чистење, пеглање и чување на децата, додека тој го гледа натреварот на својот омилен тим на телевизија. Кога нема поделба на домашните обврски, партнерите наидуваат на неразбирање и расправии.

Текстот продолжува на страна 2 подолу:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.