Македонците во Тирана се незадоволни од новата територијална поделба

Македонското национално малцинство во Албанија е против новата административно-територијална поделба со 61 општина и бара општините во Голо Брдо и Гора да останат самостојни.Албанскиот министер за локална самоуправа, Бленди Чучи соопштил дека варијантата за основање на 61 локална единица во земјата добила поддршка од Владата на Еди Рама и предлогот наскоро ќе се најде на усвојување во Собранието.
„За македонското национално малцинство во Република Албанија припојувањето на општините во Голо Брдо и Гора е чекор назад за почитувањето на правата на Македонците“, нагласуваат од Македонското друштво „Илинден“-Тирана и неговиот огранок од Голо Брдо.
По повод оваа инцијатива, се огласи и „Македонски манифест“:
„Македонски манифест најостро се спротивставува на продолжувањето со перфидната асимилација на Македонците во Република Албанија и бара доследно почитување на Резолуцијата на Комитетот на министрите на Советот на Европа од февруари годинава, со која се овозможува припадниците на националното малцинство на Македонците да се школуваат на својот мајчин јазик од најрана возраст на целата територија на Албанија. Тоа е поврзано со работата на Собранието на Република Албанија во кое деновиве се гласа закон за нова територијална поделба, со кој македонските општини во Голо Брдо и во Гора се бришат и се присоединуваат кон албански општини“, се вели во реакцијата од иницијативата составена од повеќе интелектуалци.
Македонски манифест додаде дека бришењето на македонските општини делува спротивно од принципот на македонскиот закон.
„Законот за територијална поделба во Република Македонија даде многу повеќе права на македонските Албанци и им овозможи да имаат албански градоначалници во значајни македонски градови како Струга, Кичево и во Скопје. Спротивно на тој акт на добрососедство, Албанија возвраќа со закон чија цел е да ги избрише Македонците во албанската држава. И македонскиот и албанскиот закон за територијална поделба го намалуваат бројот на општините, но македонскиот закон тоа го направи фер и демократски, а албанскиот дејствува врз спротивни принципи“ се вели во реакцијата.
Иницијативата додаде дека Албанија не возврати на македонското пријателство со иста мерка.
„Република Албанија и Република Македонија се соседни држави и нормално е меѓу нив да има добри односи. Уште повеќе што на овие простори Македонците и Албанците комуницирале долг историски период. Затоа, и во Република Албанија постои македонско малцинство, а во Република Македонија има албанско малцинство. Од создавањето на новата македонска држава до денес таа целосно ги почитува правата на албанското малцинство на својата територија. И повеќе од тоа. Претставници на македонските Албанци секогаш биле присутни во македонските влади. За жал, Република Албанија не возвраќа со истиот гест на добрососедство. Прво, таа, сè уште не ја признава Република Македонија под нејзиното уставно име. Второ, со исклучок на периодот од ноември 1945 до 15 јули 1948 г. правата на Македонците во Албанија не се почитуваат или се почитуваат формално и селективно. Албанија признава македонско малцинство само во Преспа, а Македонци живеат во голем број и во областите во Голо Брдо и Гора, како и во поголемите албански градови, вклучително и во престолнината Тирана. Трето, со негирањето на македонското малцинство во Албанија и на неговото право да учи на својот мајчин македонски јазик, албанските влади се обидуваат да ги асимилираат Македонците“, порачува Македонски манифест.
 Албанскиот министер за локална самоуправа, Бленди Чучи соопштил дека варијантата за основање на 61 локална единица во земјата добила поддршка од Вл

Пронајдете не на следниве мрежи: