Продолжува градежната експанзија во Берово

Градежната експанзија со која се одликува Општина Берово во изминатите неколку години продолжува и со почетокот на оваа градежна сезона во која се започнаа градежни активности на неколку важни сообраќајници низ општината.Покрај активностите со кои веќе во крајна фаза е реализацијата на проекот за изградба на улицата „Даме Груев“ во Русиново, во Берово се започна со градежните активности за реконструкција на горниот дел од ул. „Маршал Тито“ со која градоначалникот на Општина Беровово најави дека паралелно ќе бидат асфалтирани и ул. „Козара“ и уште еден крак од улицата кој води кон семејните куќи на Ѓорѓи Полевски и Ванчо Чаушовски.
Овие два крака се во должина од околу 200 метри и за истите се предвидени средства во висина од околу 1.500.000 денари. Во Берово се започнува и со изградбата на крак на ул. „Дамјан Груев“ покрај градските гробишта во должина од 100 метри и широчина од 6 метри а е предвидена и изградба на тротоарски површини од двете страни со широчина од 1 метар.
За овој проект се предвидени околу 1.750.000 денари.
Во Смојмирово веќе се започна со реализацијата на проект преку кој ќе се изгради улицата од влезот на селото на регионалниот пат Берово – Пехчево до црквата „св.Илија“ во должина од 860 метри, додека преку засебен проект ќе се изгради и мост на реката поради потребите на самата улица со што ќе се реши и еден долгогодишен проблем на жителите во овој дел од селото.
Овој проект ќе се реализира со средства одобрени по аликација на Општина Берово од Агенцијата за финансиска подршка на земјоделието и руралниот развој, како и со средства од Буџетот на општина Берово.
Градоначалникот на Општина Берово исто така ги најави и отпочнувањата на активностите околу проектот за изградба на ул. „Балканска“ и ул. „Паруца“ со која ќе биде опфатен и паркингот пред колективната зграда на ул. „Моша Пијаде“, додека течат активностите за изградба на „Кружна раскрсница“ на влезот во Берово, како и реализацијата на проект за изградба на ул. „20“ каде моментално се поставува водоводна и канализационна мрежа.Покрај активностите со кои веќе во крајна фаза е реализацијата на проекот за изградба на улицата „Даме Груев“ во Русиново, во Берово се

Пронајдете не на следниве мрежи: