Подобрување на водоводниот капацитет во Камник

Градоначалникот Тони Трајковски заедно со директорот на ЈП Водовод и канализација, Александар Атанасов, беа на увид на градежните активности кои се одвиваат во Камник во н. Ченто, каде еден од приоритетите на граѓаните од ова место беше токму за изградба на нова водооводна мрежа. Во овој дел има околу 50-тина куќи кои во минатото се соочуваа со проблеми со стара водоводна инсталација која често имаше дефекти, но и самиот капацитет на водоводната мрежа беше мал. 
Градоначалникот истакна дека новата линија е со должина од околу 700 метри, првите 500 метри се со Ф 110 цевки а останите 200 метри се со Ф 90. Вкупната вредност на проектот изнесува 1,700,000.00 денари, од кои општина Гази Баба учествува со половина од оваа сума и е одговорна околу градежните работи, односно ископите, додека ЈП Водовод и канализација учествуваат со обезбедување на материјал, односно обезбедување на цевки и нивно поврзување.
Со оваа инвестиција ќе им се овозможи на жителите на ова населено место во иднина да немаат повеќе проблеми од овој вид и секако ќе им се овозможи поквалитетна вода за пиење.
  
Градоначалникот истакна дека новата линија е со должина од околу 700 метри, првите 500 метри се со Ф 110 цевки а останите 200 метри

Пронајдете не на следниве мрежи: