Успешни парламентарни избори за ГРОМ

Претседавачот на Централниот одбор на Граѓанската опција за Македонија Зоран Поповски, ја отвори дванаесеттата седница и предложи шест точки на дневен ред. Во Собранието на  Град Скопје , членовите на ЦО на ГРОМ расправаа и ги усвоија предложените точки. По истекувањето на едногодишниот мандат на Зоран Поповски, како претседавач на ЦО, за нов претседавач на Централниот одбор на ГРОМ едногласно е избран Зоран Петрушевски од О.О ГРОМ- Куманово.Шефот на изборниот штаб на ГРОМ за предвремените парламентарни избори кои се одржаа на 11 декември оваа година, Љупчо Пренџов го презентираше Извештајот на ЦИШ за изминатите тринаесет месеци предизборни и изборни активности на ГРОМ. Централниот одбор на ГРОМ ја задолжи претседателката на Форумот на жени на Карпош Добрила Андоновска, за координатор кој ќе иницира и формира Форум на жени на ГРОМ на национално ниво, како комплетирање на структурната поставеност на овој партиски орган. На оваа дванаесетта  седница се утврдија критериумите и начините за спроведување на постапка за избор и број на делегати на Собранието на ГРОМ, и се предложи одлуката за свикување на Собрание на ГРОМ на 29.01.2017 година, која акламативно беше усвоена. Претседателот на Граѓанската Опција за Македонија Стевчо Јакимовски во својот говор истакна дека овие предвремени парламентарни избори биле успешни за ГРОМ како политичка партија, бидејќи ГРОМ  во новото парламентарно собрание ќе биде претставувана со два пратеници, и понатаму ќе претставува значаен чинител на политичката сцена. Лидерот Јакимовски истакна задоволство од учинокот на ГРОМ пред  се во медиумите.
– Лично сметам дека по сите битни и круцијални прашања кои се однесуваа  за донесување на најважните политички одлуки за иднината на Република Македонија и за добробитта на нејзините граѓани, ГРОМ секогаш учестуваше со свој став и предлог, и секогаш бевме на страната на правдата штитејќи го уставниот поредот, територијалниот интегритет и унитарноста на државата. Во понатамошниот период ќе работиме на зајакнување и зацврстување на капацитетите на нашата политичка партија, се со цел да бидеме максимално подготвени во наередниот период во кој ни следуваат редовни локални и евунтуални нови предвремени парламентарни избори, потенцираше Јакимовски.
Првиот човек на ГРОМ исто така ги повика општинските организации на ГРОМ ширум државата во наредниот период максимално да се активираат организирајќи настани, да бидат присутни во локалните медиуми, и на тој начин секаде да го презентираат партискиот став на Граѓанската Опција за Македонија. Новоизбраните пратеници во Собранието на Република Македонија Панчо Минов и Чедомир Саздовски им се заблагодарија на членовите на Централниот одбор за поддршката и  активноста во предизборниот период.
 
 
 
 Шефот на изборниот штаб на ГРОМ за предвремените парламентарни избори кои се одржаа на 11 декември оваа година, Љупчо Пренџов го презентираше Извеш

Пронајдете не на следниве мрежи: