Претседателот на Граѓанската опција за Македонија Стевчо Јакимовски денеска гласаше во 11:00 часот во fffО.О.У ,, Димо Хаџи Димов“ со што го оствари своето уставно загарантирано право.Лидерот на ГРОМ Јакимовски изјави дека граѓаните на овие избори треба да гласаат во мирна, фер и демократска атмосфера како што доликува на еден европски цивилизиран народ, а во Македонија треба да победи демократијата. ,,Граѓаните нека го искористат своето право на глас и на демократски начин да одлучат кој треба да ги води во наредните четири години. Во мирна, фер и демократска атмосфера да покажеме дека сме зрело општество со функционална демократија, особено што сме под засилен мониторинг на Европската Унија“ – нагласи Јакимовски. Претседателот на ГРОМ истакна дека вечерва ќе има јасен победник на изборите. Порача дека поразениот достоинствено треба да ги прифати резултатите и да му ја честита победата на победникот, а победникот да не се однесува реваншистички туку треба веднаш да се зафати со работа. Максимално да се посветиме на решавање на приоритетите и секојдневните проблеми на граѓаните и да ги надоместиме изгубените две години политичка криза, дециден беше првиот човек на ГРОМ Стевчо Јакимовски.Лидерот на ГРОМ Јакимовски изјави дека граѓаните на овие избори треба да гла
Јакимовски: Нека победи подобриот






